Светска банка во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 % годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани.
Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 %.
Светската банка има надолна ревизија и на проекцијата за македонскиот БДП за 2024 година за кога прогнозира дека ќе изнесува 2,7%, односно надолната корекција е 0,5 процентни поени.
Анализите на Светска банка покажуваат дека Северна Македонија ја заврши 2022 година со раст од 2,1%.
Од државите во регионот, Светска банка проектира раст од 0,8% во Хрватска, од 1,7%во Бугарија, од 2,2% во Албанија и од 2,3% во Србија, додека поголем раст од нашиот ќе имаат економиите на Босна и Херцеговина од 2,5%, на Црна Гора 3,4% проценти и Косово од 3,7%.
Како што стои во извештајот на Светска банка, во Западен Балкан се предвидува раст од 2,5% во 2023 година, наспроти првично пректираниот од 3,1%.
Се посочува дека реформите за пристапувањето во ЕУ и инвестициите ги ублажуваат негативните ефекти од високите цени на енергијата и храната, како и нарушувањата на трговските и инвестициските текови и прелевањата од забавувањето во еврозоната.
Сепак, СБ посочува дека постои значителна политичка несигурност од парламентарни стопирања што би овозможиле доцнење во спроведувањето на реформите и со тоа спречување на ефикасна апсорпција на поврзаните средства за Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија.