Владата во Јапонија одлучи да им исплаќа финансиски субвенции на компаниите кои ќе инвестираат во изградба на фабрики дома или во другите земји од Југоисточна Азија, како дел од обидите за намалување на зависноста од Кина, објавува Bloomberg.
Министерството за економија, трговија и индустрија на Јапонија објави дека 57 јапонски компании, меѓу кои и производителот на мски Іrіѕ Оhуаmа Іnс, ќе добијат 536 милиони долари субвенции од државата за изградба на фабрики во земјата.
Други 30 компании ќе добијат дополнителни субвенции за инвестиции во изградба на фабрики во Виетнам, Мјанмар, Тајланс и други земји од регионот на Југоисточна Азија.
Уште во март годинава јапонскиот премиер Шизно Абе јавно повика дека Јапонија треба да го врати производството дома или да го диверзифицира со фабрики во други азиски држави, со цел да се намали зависноста на државата од Кина.
Со влошувањето на односите меѓу САД и Кина, дискусиите за преместувањето на производството надвор од најголемата фабрика во светот, станаа се поактуелни и погласни и во САД, но и во другите земји низ светот.
Кина е најголемиот трговски партнер на Јапонија, но пандемијата во голема мера ги наруши врските меѓу двете држави, како и имиџот на Кина како производствена дестинација.