Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар/литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 64,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) oд полноќ ќе изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 44,00 ден/лит.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,468% или за 24,500 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,983% или за 14,750 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 3,177 % или за 15,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,936 % или
за околу 8,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 50,9674 ден/$ и е за околу 0,23% понизок од курсот на доларот (51,0851 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, велат од Регулаторната комисија.