Ситуацијата на Блискиот Исток се ублажи, но затворањето на Ормутскиот теснец има последици кои дури сега стануваат очигледни.

Германската индустрија се жали на зголемен недостиг на материјали. Во јуни, 17,2% од компаниите пријавиле тесни грла, според Институтот Ифо со седиште во Минхен. Ова е за 1,3 процентни поени повисоко отколку во мај. За споредба, бројката беше 5,8% во јануари.

Ормутскиот теснец е повторно прооден, но ефектите од прекините сè уште се чувствуваат“, рече Клаус Волрабе, раководител на Ифо. „Веројатно ќе потрае некое време пред меѓународните синџири на снабдување целосно да се нормализираат“.

Хемиската индустрија и производителите на опрема за обработка на податоци, како и електронски и оптички производи, се особено тешко погодени, при што околу една третина од компаниите пријавиле недостиг на материјали.

Во машинското инженерство, ситуацијата е речиси непроменета на 15,6%. Во автомобилската индустрија, процентот на погодени компании се зголеми од 10% на 15,7 %. Ситуацијата донекаде се олесни за производителите на гумени и пластични производи, каде што процентот на компании што имаат недостиг од материјали се намали од 23,7% на 11,3%.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

Volkswagen би можел да произведува кинески модели во Германија

„Volkswagen“ има за цел да намали 100.000 работни места и да го прекине производство во четири германски фабрики

Ифо: 90% oд германската индустрија e погодена од војната во Иран

Европската комисија ја преполови прогнозата за раст за Германија