Aвтомобилската индустрија во Југоисточна Европа (ЈИЕ) може да загуби над 8 милијарди евра заради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид 19.
Тоа го покажува анализата на Seenews, во која се анализирани автомобилските индустрии во 11 држави во регионот.
Засега се уште е нејасно колкави ќе бидат економските ефекти од кризата, но она што е веќе јасно е дека автомобилската индустрија ќе биде меѓу најпогодените.
Тоа може да има катастрофални последици за државите во регионот на ЈИЕ, каде производството на автомобили и автомобилски делови е меѓу главните двигатели на економииите, а компаниите кои работат во сектора се меѓу најголемите работодавачи и извозници, се вели во Извештајот.
Во пикот на епидемијата редица фабрики во регионот објавија дека запираат привремено со работа. Меѓу главните причини за тоа беа нарушените снабдувања со материјали и делови од Кина, како и запирањето и намаленото производство на неклои од нивните големи клиенти.
Од вкупно 11 држави во регионот на ЈУЕ, автомобили се склопуваат само во три држави, Романија, Словенија и Србија.
Податоците на Светскиот трговски центар покажуваат дека извозот на автомобили и автомобилски делови од регионот во целост почнува да се намалува уште во 2019 година, за 4,4% на малку под 19 милијарди евра. Тоа e прв пад на извоозот на оваа индустрија после 12 години, а причината е намалувањето на побарувачката за автомобили на светско ниво.
Сега со пандемијата на Ковид 19, побарувачката за автомобили е драстично повеќе намалена, па прогнозите се дека загубите за автомобилските индустрии во регионот на ЈИЕ може да достигнат до 8 милијарди евра.
Извор: Capital.bg