Германската индустрија продолжува да се соочува со сериозни предизвици, при што во изминатите 12 месеци се изгубени 177.000 работни места, покажуваат најновите податоци на Федералната агенција за вработување во Нирнберг.
Најголем удар претрпе автомобилската индустрија и нејзината мрежа на добавувачи, каде што се укинати околу 52.000 работни места. Значителни намалувања се регистрирани и во машинската индустрија, која останала без 28.000 работни места, како и во металопреработувачкиот сектор, каде што се изгубени уште 24.000 работни места.
Според директорката на Федералната агенција за вработување, Андреа Налес, негативниот тренд продолжува. Таа на крајот на јуни изјави дека германската индустрија во моментов губи околу 15.000 работни места месечно.
Кумулативно, заклучно со крајот на јуни, бројот на укинати работни места во индустрискиот сектор достигнал 174.000, а најновите податоци покажуваат дека тој веќе пораснал на 177.000.
Овие трендови се особено значајни и за македонската економија, имајќи предвид дека Германија е најголем трговски партнер на земјата, а голем број компании се дел од синџирите на снабдување на германската автомобилска и машинска индустрија.
Намалената индустриска активност во Германија може да се одрази и врз побарувачката за производи и компоненти што се извезуваат од Македонија и да го намали извозот на земјата.
Фото: Magnific
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
Кина го уништува последното упориште на германската индустрија
Ифо: Недостигот на материјали во германската индустрија продолжува да се зголемува
Volkswagen би можел да произведува кинески модели во Германија
Европската комисија ја преполови прогнозата за раст за Германија


























