Развојна банка на Северна Македонија денеска во Битола одржа презентација на своите финансиски производи и услуги пред компаниите од Пелагонискиот регион.

На настанот беа претставени кредитното осигурување на домашни и извозни побарувања, новата E-Insurance дигитална платформа, факторингот, гаранциите и Гарантниот фонд, како и кредитните производи и кредитните линии за инвестиции и обртни средства.

Компаниите имаа можност директно да разговараат со претставниците на Развојната банка, да постават прашања и да се информираат за можностите за финансирање и управување со финансиските ризици.

Развојната банка продолжува со активности за поголема достапност на своите производи и услуги до компаниите низ целата држава, со цел да придонесе кон подобра ликвидност, поголема сигурност и зголемена конкурентност на македонскиот бизнис.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

Развојната банка ja лансира платформата “Е-ОСИГУРУВАЊЕ”: поефикасно осигурување на побарувањата за сигурен и конкурентен извоз