Германскиот автомобилски гигант Volkswagen (VW) води преговори за продажба на луксузниот бренд Bugatti на хрватскиот прозиводите Римац Автомобили, објавува германскиот магазин Manager, повикувајќи се на луѓе запознаени со процесот на разговорите.
Елон Маск на Балканот, како што во написот се нарекува хрватот Мате Римац, основачот на Римац Автомобили, би заинтересиран да го купи овој бренд. Тоа што речиси нема капитал, пишува Manager, би можело да не претставува воопшто пречка за зделката да се случи.
Продажбата на Мате Римац ќе се дискутира од страна на комитетите на Volkswagen годинава. Една од опциите која неофицијано се разгледува е Buggati da премине во сопственост на Римац Автомобили, а за возврат Porsche, кој е исто така дел од групацијата Volkswagen, да го зголеми уделот во хрватскиот производител на електрилни автомобили. Porsche веќе поседува удел од над 15% во Римац Автомобили.
Bugatti, Volkswagen и Мате Римац одбија да коментираат, пишува Ројтерс.
Римац разви електрична платформа за суперавтомобили, која ги снабдува повеќе од 15 други производители на автомобили, вклучително и за Aston Martin, Koenigsegg, Hyundai, Automobili Pininfarina…
Покрај Porsche, удели во хрватската Римац Автомобили имаат и Hyundai, Jaguar, Koenigsegg, Magna, како и кинескиот производител на батерии Camel Group.
Специјализираниот Car Magazinе објавува и поширока анализа во која ги објаснува деталите за зделката, која неофицијално би требало да биде одобрена до крајот на годинава.
Поврзани вести
>>Мате Римац: За да се успее во бизнисот, мора да се размислува глобално, а не локално<<