WORLD TRANSPORT OVERSEAS како една од најбрзо растечките логистички компании во Источна Европа покрај своите веќе успешни подружници во Бугарија, Кина, Србија, Словенија и Хрватска отвори своја подружница во Македонија која е целосно функционална од 20.10.2021 година.

Седиштето на канцеларијата е во Скопје и исто така ќе биде одговорно за опслужување на клиентите и во Косово.

Претставништвото во Скопје е предводено од тим од најдобрите стручни лица во оваа индустрија и нуди поморски, воздушен и патен товарен транспорт, како и сите други логистички услуги се со цел да се одговори на потребите на клиентите, согласно политиката на компанијата која е целосно фокусирана на исполнување и надминување на сите барања на своите клиенти во областа на транспортот и логистиката, како и нудење на дополнителни услуги кои се директно или индиректно поврзани со оваа дејност.

Нашите сервиси се со конкурентни цени и солидно транзитно време, од и до секоја точка во светот, а како единствени со најмногу директни испловувања нудиме 14 неделни директни конзоли од Азија до Црно и Егејско Море кои го покриваат увозот и извозот од сите поголеми пристаништа на Далечниот и Блискиот Исток, Кина (#Shanghai  #Shenzhen  #Ningbo  #Xiamen  #HongKong  #Guangzhou  #Qingdao), Тајван (#Xingang #Taichung #Kaohsiung #Keelung), Јужна Кореја (#Busan), Индискиот потконтинент во #NhavaSheva, главно по директни патишта, како и преку Малезискиот пристанишен центар #Singapore.