Најновите  податоци од Државниот завод за статистика покажуваат голем пад на земјоделското производство минатата година. Особено голем пад има кај доматите (-23%), краставиците (-34%), сончогледот (-39,5%), компир (-6,5%). Зголемување има само кај производството на ориз кое е зголемено за 5,4% и пиперките (+4,1%).

Статистичките податоци покажуваат дека лани во Македонија биле произведени 116,3 илјади тони домати, што е за намалување за речиси 35 илјади тони или пад на производството од 23% за само една година.

Ова е најмало производство на домати во последните 20 години. За споредба, пред 10 години, односно во 2014 година во Македонија биле произведени 160 илјади тони домати.

Намаленото домашно производство се одразува врз извозот и увозот. Така во 2023 година на странските пазари биле извезени 15,7 илјади тоnи домати од кои е остварен извоен прилив од 12,3 милиони евра.
Од друга страна увозот на домати бележи голем скок. Податоците покажуваат дека лани биле увезени 9 илјади тони домати за кои биле платени 5,2 милиони евра. Тоа е зголемување за 36% на увезените количини и 27% на платената сума во споредба со претходната 2022 година.  Статистиката покажува дека најголем дел од увозот на домати или повеќе од половина е од Албанија од каде лани биле увезени домати вредни 3 милиони евра. Следи Турција од каде биле увезени домати вредни 1 милион евра.

Минатата година биле узвезени 15,7 илјади тони домати во вредност од 12,3 милиони евра. Количински извозот бележи раст од 10%, а вредносно за 7% во споредба со 2022 година.
Но, ако се според пред 10 години кога се извезувале 30 илјади тони домати во странство, количините кои се извезуваат се двојно намалени. Од друга страна, увозот на домати е драстлно зголемен. За увоз на домати плаќаме дури 300% повеќе во споредба со пред 10 години, а увезените количини се двојно зголемени.

За увоз на краставици плаќаме пет пети повеќе од пред 10 години

Стаистичките податоци, пак, за краставиците покажуваат дека лани во земјава биле произведени близу 32 илјади тони краставици, што е намалување за 34% за само една година. Ова е најниско производство на краставици во последните 20 години.


Минатата година биле извезени во странство 5 илјади тони краставици и корнишони во вредност од 3,8 милиони евра. Извезените количини за помали за 22%, додека извозниот прилив за 15% во споредба со претходната 2022 година. Но, ако се спореди со пред 10 години има постојан пад и уште поголем пад во споредба со доматите. На пример, извезените количини во 2014 година изнесувале 18 илјади тони во вредност од 6,5 милиони евр, што значи дека 10 години подоцна извезените количии се намалени за 72%, а извозниот прилив за 65%.

Лани, пак, биле увезени 4.800 илјади тони краставици и корнишони во вредност од 2,8 милиони евра. Во споредба со пред 10 години лани сме увезле 170% повеќе краставици и сме платиле скоро пет пати повеќе.