За време на пандемијата, побарувачката за лековити билки се зголеми низ светот.
Албанија е една од земјите кои успева добро да заработи од овој тренд.
затоа, жалфијата, лавандата и боровинката или боровинката се одгледуваат на ливадите со забрзано темпо.

Во последните неколку години, Албанија се разви во еден од најголемите производители на лековити билки во Европа, претежно диви растенија. Околу 95% од овие билки се извезуваат во САД, Австралија, Нов Зеланд, Франција, Германија и Италија.
Во последните неколку години во Албанија на се поголеми површини се одгледува жалфијата, лаванда, рози, коприва, јаглика и други лековити билки кои се користат какко состојки за некои лекови.

Побарувачката за овие лековити билки расте од почетокот на пандемијата на корона висру, бидејќи се верува дека билките го зајакнуваат имунитетот. Побарувачката дополнително го стимулира трендот за поголема потрошувачка на природни и органски производи.

Во 2020 година, Албанија извезла повеќе од 14.000 тони лековити и ароматични билки во вкупна вредност од 50 милиони евра, што е за 15% повеќе од претходната година.

Трендот на раст продолжува и годинава, бидејќи извозот во првите три месеци од 2021 година бил за 20% поголем отколку во истиот период минатата година.

Бумот во производството на лековити билки е неочекуван за една од најсиромашните земји во Европа, која со 2,9 милиони жители во голема мера зависна од туризмот, кој е тешко погоден од пандемијата на корона вирус.

Околу 30 албански компании имаат лиценца за извоз на растенија што се користат во хербални лекови поради нивните антиинфламаторни, антисептички, па дури и антистресни својства. Од нив се подготвуваат чаеви богати со витамин Ц и антиоксиданти, масла или масти.

Побарувачката за жалфија, која се одгледува на карпестите висорамнини во северна Албанија, само минатата година се зголемила за 40%, што ги наведе албанските земјоделци да ги зголема површините под жалфија. Повеќе од 50% од семејствата во овој регион живеат од одгледување на жалфија.

Трговската војна помеѓу САД и Кина иста така влијаела многу купувачи да се свртат кон поблискиот албански пазар за набавка на многу лековити билки.

Извор: Daily Sabah.