Уште еден голем настан на автомобилската сцена и уште една голема вест од Таневски. Македонскиот дизајнер во Mercedes и кадар на главниот дизајнер Горден Вагенер го потпишува дизајнот на првиот електричен модел на Mercedes-Maybach EQS.
Mercedes-Maybach ја проширува понудата од модели со луксузен СУВ со погон само на струја, конструиран врз платформата за електрични модели од највисоките класи, односно со техниката од EQS.

Електрификацијата во Daimler го зафати и најчувствителниот и најтрадиционален огранок, луксузната марка Mercedes-Maybach. Засега концепт, Mercedes-Maybach EQS, наскоро ќе стане дел од редовната понуда на марката именувана по Вилхелм Мајбах, конструктор на првиот мотор што беше наменет за вградување во автомобил.

Автомобилот со дизајн на Славче Таневски доаѓа точно за одбележувањето на стогодишнината на Maybach.
Mercedes-Maybach EQS беше прикажан премиерно на саемот за автомобили во Минхен.

Со Concept Mercedes-Maybach EQS по 100 години ја трансформираме марката за електричната иднина. Футуристичкиот дизајн се состои од емотивна интеграција на површини и форми. Прендиот дел со прогресивната маска на Maybach го следи принципот на интеграцијата и на марката ѝ дава сосем нов изглед. Заедно со новата аеродинамична пропорција на СУВ, комплетно од ново го дефинираме луксузниот СУВ на иднината, изјави Горден Вагенер, главен дизајнер на Daimler Group.

Целиот текст можете да го прочитате тука.