Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.
Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите, како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели“, порача Николовски на првата средба со вработение.
Тој најавува фер пристап кон бизнис заедницата и ефикасна и транспарентна работа на Царинската управа, како и поголеми резултати што ќе бидат мерливи преку зголемување на приходите во Буџетот, олеснување на трговијата и севкупно поголем економски раст.
“Ние царинските службеници сме лицето на државата, а мојата и нашата цел како тим ќе биде лицето на царинските службеници да биде на врвно професионално ниво, при што резултати очекувам ведна”, порача Николовски.
Бобан Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.