Брендот Mama’s слави 10 години години. Под мотото “Создадено локално, израснато глобално!” од Mamas велат дека љубовта кон работата им дава храброст, волја, енергија и мотивација да го направат она што никој друг не помисли, можеби дури и ние самите не мислевме дека е можно и реално.
Приказната на ајварите производени под брендовите Mama’s од страна на фирмата Мамасфуд од Струмица започнува пред 10 години со производство и испорачување на врвен квалитет на храна, направена од 100% природни локални производи. Денеска производите под брендот Mama’s се извезуваат и продаваат во 45 земји низ светот.

Асортиманот на Мama’s вклучува разни производи од пиперки, како ајвар, малиџанo, лутеница, кој подоцна е проширен со конзервирани корнишони, разни слатка од овошје, кои се произведуваат според домашни традиционални рецепти, користејќи свежи производи и без употреба на адитиви и конзерванси.