Грчката економија забележа пад од 15,2% во вториот квартал од годинава како резултат на забавување на економската активност што произлезе од ограничувањата за ширењето на коронавирусот, објави грчкиот статистички орган (ЕЛСТАТ).

Намалувањето е малку под првичните проценки за пад од 16%.
Проценките се 2020 година се грчката екномија да има пад од околу 8%, развој што ќе ја врати грчката економија на нивото од 2017 година .

Меѓу најголемите причини за падот на грчката економија се намалените приходи во турзимот, како полседица на ограничувањата за патувања. Така, во првоте шест месеци годинава приходите од туризам во Грција бележат пад од 87,5%, во споредба со истиот период минатата година.

Грција е четврти најголем трговски партнер и седми најголем извозен пазар за македонските компании. Минатата година на грчкиот пазар сме извезле производи вредни 173 милиони евра, додека извозот во првите шест месеци изнесува 91 милион евра и е за 2,5% помал од истиот период лани. Увозот од Грција, пак, во првата половина годинава изнесувал 224 милиони евра и е помал за 30% во споредба со лани.