Економскиот советник на Белата куќа Лари Кадлоу предлага на американските компании кои ќе ги вратат операциите назад во САД да им се преполови данокот на добивка од сегашните 21% на 10,5%.

„Зошто да не обезбедиme 50% намалување за даночната стапка за корпоративниот данок на компаниите ако компаниите се ги движат своите операции од надвор во САД?“, вели Кудлоу, потенцирајќи дека ова засега е само идеја, а не политика.

„Значи, стапката сега е 21%. Зошто да не пробаме неколку години или подолго, со стапка од 10,5%. Тоа ќе нè направи крајно конкурентни и гостопримливи за нови инвестиции овде? “

Со пандемијата која има негативно влијание врз малопродажбата, пазарот на трудот и индустриското производство, администрацијата на претседателот Доналд Трамп има широка дискусија за наожање начини да ја зајакнат американската економија.

Кудлоу во интервјку со Фокс Бизнис најави дека за неколку недели администрацијата ќе објави нови мерки за олеснување на економијата од негативните ефекти од пандемијата со коронавирус.

Вашингтон размислува да одвои фонд од 25 милијарди долари за компаниите што производството на некои основни производи ќе го враќаат дома.