Извршниот директор на „Tesla “ и „ SpaceX “, Елон Муск предвидува дека кинеската економија на ќе ги надмине Соединетите Држави најмалку двојно. Моментално Кина и САД ги имаат двете најголеми светски економии, иако сега американската економија е поголема, пишува CNBS.
Маск смета дека ваквиот развој на настаните би го зголемило тензиите и воените ривалства меѓу двете големи нации.
„Она што ќе изгледа прилично чудно е дека кинеската економија веројатно ќе биде барем двојно поголема од американската економија, можеби три пати“, изјави Муск за време на симпозиум за воздухопловните сили одржан во Орландо, Флорида.
„Основатa на војната е економија“, смета Муск. „Ако имате половина од ресурсите во споредба со другата страна, тогаш подобро е да бидете вистински иновативни. Ако не сте иновативни, секогаш ќе изгубите“, потенцира Маск.
Двете земји се веќе најголеми светски економски сили. САД доминираат со 21,44 трилиони долари номинален БДП и сочинуваат една четвртина од светската економија. Меѓутоа, Кина е најбрзорастечката економија со БДП од 14,14 трилиони долари, според Nasdaq.
Бидејќи кинеската популација е околу четири пати поголема од онаа на САД. Во САД живеат околу 330 милиони луѓе, додека повеќе од 1,3 милијарди луѓе живеат во Кина.
„Потребно е кинескиот БДП по глава на жител да биде половина од големината на САД, за нивната економија да биде двојно поголема од нашата“, вели Маск.
Според него, доколку ја претекне американската економија, Кина веројатно ќе предизвика зголемување на тензиите меѓу двете држави, што веќе се судираат околу прашањата како што се трговијата и 5G технологијата.
Во ваквата поставеност на силите, Муск ја потенцира важноста на иновациите во САД со цел да ја одржи конкурентската предност. Кога станува збор за вселената, Муск вели дека без иновации во вселаната САД се во опасност да заостанат и да бидат втори во трката.
“Ерата на борбените авиони помина. Конкурентот треба да биде борбен авион со беспилотно летало, дрон, управувано од човек, но во своите маневри засилен со автономија.Ф-35 нема да има шанси против тоа”, вели Муск.