Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на г-н Дејан Павлески оствари средба со раководството на компанијата Соко Горица ДООЕЛ со цел остварување на континуитет и соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Соко Горица и можностите за зголемување на производството. Компанијата Соко Горица се занимава со производсто на овошни пијалоци во дојпак амбалажа, меѓу кои најпознати се сокчињата „АмиГО“ и „ВитаГО“.
Финансиската поддршка која компанијата ја доби е во времетраење од пет години по основ на две мерки – пораст на капитални инвестиции и приходи и поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот.
Компанијата е извозно ориентирана и повеќе од 95% од производите се пласираат на пазарите во над 30 различни земји ширум светот и 60 вработени кои се секојдневно посветени на производството и пласманот на повеќе од 30 милиони сокчиња годишно.
Соко Горица дооел Скопје е семејна компанија, со долгогодишна традиција во производството на овошни пијалоци, која датира од 1994 година и еден од најголемите производители на сокчиња во дојпак пакување во регионот. Производствениот капацитет од над 10 000 парчиња/h. Поседува сертификат за ISO 22000 системот за квалитет и во фаза на имплементација на IFS.
Конкурентски предности на сокчињата се неодоливиот вкус, високо контролираниот и повторлив квалитет, практичната амбалажа и мошне атрактивниот дизајн. Најпродавани се брендовите АМИГО и ВитаГО .
Компанијата е ориентирана кон континуирано подобрување, секогаш стремејќи се да ги надмине очекувањата на своите ценети потрошувачи.
Мисијата на СОКО Горица е да прерасне во производител најомилените сокчиња на милиони среќни деца низ целиот свет.