Македонските компании во август извезлe производи во вредност од 501,5 милиони евра, што е за незначителни 0,1% повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Увозот, пак, во август годинава изнесувал 603,5 милиони евра и помал за околу 9,2% во споредба со август 2019 година.
Поголемиот пад на увозот во споредба со извозот во август резултираше со покриеност нa увозот со извозот од високи 82,4%.
Во споредба, пак, со претходниот месец јули, извозот кој македонските компании го направиле во август бил помал за 3,3%, додека увозот се намалил за речиси 16%.
Заради шокот кој го предизвика пандемијата со корона вирусот врз трговијата, извозот од Македонија во првите осум месеци годинава во вредност од 3,47 милијарди евра се уште е помал за 17,8% во споредба со истиот период лани. Увозот во првите осум месеци изнесувал 4,66 милијарди евра и е за 15,1% помал во споредба со истиот период лани.
Металите, храната и појалоците со најмал пад на извозот
Анализирано по сектори, податоците покажуваат дека извозот во периодот јануари август 2020 година во сите сектори е помал во споредба со истиот период лани. Најмал пад има кај извозот на метали и храна од 3,5% и 5,6% и извозот на пијалоци и тутун кој е помал за 7,8% во споредба со истиот период во 2019 година.
Голем пад од дури 40,1% има кај извозот на нафтени деривати, кое се должи на намеланата потрошувачка за време накарантините, но и на намалената цената на нафтата.
И извозот на компаниите од автомобилската индустрија во првите осум месеци бележи голем пад во споредба со истиот период лани. Така извозот на хемиски производи, каде влегува пред се извозот на катализаторите на Џонсон Мети е помал за 21,7% во споредба со првите осум месеци од 2019 година.
Извозот на машини и транспортни уреди во првите осум месеци годинава, каде исто така доминира производството на автомобилски делови, е помало за 22% во споредба со истиот период од 2019 година.