Кинескиот извоз нагло порасна во март во услови на растечка глобална побарувачка како резултат на напредокот во вакцинацијата против коронавирус, а увозот порасна најмногу во последните четири години.
Кинескиот извоз во долар се зголемил за 30,6% во март во однос на март претходната година, додека увозот скокнал за 38,1% во однос на истиот период минатата година, покажаа податоците објавени во вторникот.
Увозот на Кина во март пораснал со најголемо темпо во последните четири години, што според аналитичарите укажува на постпандемично закрепнување на кинеската домашна побарувачка.
„Кина профитира од брзото закрепнување, но глобалната економија исто така се забрзува и расте и ова ќе ги намали перформансите на кинескиот извоз во наредните квартали“, вели Џон Вудс, главен инвестициски аналитичар во Credit Suisse за азиско-пацифичкиот регион.
Март е деветти месец како што расте кинескиот извоз, а увозот, пак, се зголемува шести месец по ред.
За целиот прв квартал кинескиот извоз бележи зголемување за 49%, а увозот за 28%, соопшти кинеската Царина