Кинеската компанија Xingyu Automotive Lighting Systems гради фабрика вредна 60 милиони евра во Ниш.
Во фабриката ќе се произведуваат делови за расвета на автомобили, а производите ќе се извезуваат главно во Германија, Француска и Словачка.
Компанијата ќе вработи околу 1.000 луѓе во првата фаза и се очекува да биде завршена следната година.
Неодамна беше објавено дека кинеската Xingyu за инвестицијата во Србија добила државна помош од 16 милиони евра со објаснување дека оваа инвестиција ќе даде нов имплус на економскиот раст на Србија и ќе го зголеми производството и извозот на државата.
Компанијата Xingyu е котирана на берзата во Шангај и е активна во развој, дизајн и производство на автомобилско осветлување и е пратнерд на многу големи европски, јапонски, кинески и американски производители на автомобили, меѓу кои и за за BMW, Volkswagen, Audi, Peugeot, Renault, Opel и други.
Xingyu е најголема кинеска компанија и една од најголемите и најуспешните компании во оваа индустрија во светот, која посебно внимание посветува на развојот на специјални технолошки решенија во оваа гранка.
Xingyu вработува околу 5.000 луѓе во пет фабрики лоцирани во Кина, Германија и Јапонија.