Кинеската компанија Хисенсе потврди дека до крајот на годината ќе стартува фабриката за телевизори во словенечко Велење, која треба да започне со производство во јануари 2021 година, објави словенечкиот огранок на Хисенсе Горење Групацијата.
Новите телевизори под марката „Хисенс“ ќе бидат произведени во постојната сала за производство „Хисенс Горење“ и ќе бидат наменети за продажба на европскиот пазар.
Во фабриката за производство ќе се вработат околу 350 луѓе, а 1,5 милиони телевизори ќе се произведуваат во првата година, при што нивниот број постепено ќе се зголемува на 4 милиони телевизори во следните фази на инвестицијата.
Фабриката ќе им понуди вработување на сегашните работници во фабриката за апарати за домаќинство на Горење, кои се соочуваат откази заради технолошки вишок.
Во мај годинава, групата Хисенс објави дека ќе отпушти 327 работници во четири фабрики во Словенија, поради остриот пад на нарачките и приходите како резултат на пандемијата со коронавирус.
Новиот мнозински сопственик на Горење, Хисенсе најави дека очекува Горење да претрпи загуба од 41 милион евра во првото полугодие од 2020 година поради кризата.