Извозот на сирење на светско ниво во 2019 година достигна вредност од 32,2 милијарди долари. На годишно ниво бележи пад од 0,3%, но затоа во изминатите пет години извозот на сирење е зголемен за 20,3%.
Европа е најголем извозник на сирење во светот со 84% од вкупниот извоз во вредност од 27 милијарди долари. Извозот на сирење од Нов Зеланд, Австралија има учество од 6,3% во вкупниот извоз.
Најголем извозник на сирење во светот е Германија која лани на странските пазари продала сирење во вредност од 4,6 милијарди долари или 14,2% од вкупниот светски извоз.
Втора е Холандија со извоз од 4,2 милијарди долари, Италија со извоз од 3,6 милијарди долари, Франција со извоз на сирење од 3,5 милијарди долари и Данска со извоз на сирење вреден 1, 6 милијарди долари. Следат САД, Нов Зеланд, Ирска, Белгија, Белорусија, Велика Британија и Полска.
Македонија има поразителни резултати кога е во прашање извозот на сирење.
Минатата година извозот изнесувал само 1,8 милиони долари, што е најмалку во споредба со сите земји во регионот. Колку за споредба, во 2008 година извозот на македонско сирење изнесувал 4,7 милиони долари.
За споредба, Грција е најголем извозник на сирење од регионот, која лани остварила продажба на светскиот пазар од 521 милион долари. Бугарија минатата година имала извоз на сирење од 101 милион долари, следи Србија со извоз од 53 милиони долари, Хрватска со извоз од 35,4 милиони долари и Словенија со извоз на сирење вреден 34,5 милиони долари.