Фабриките на групацијата Volkswagen ќе започнат со проблематично рестартирање по традиционалната летна пауза, бидејќи автомобилската индустрија останува под силно влијание на недостатокот на чипови.
Фабриката на групацијата Volkswagen во Волфсбург, Германија, нејзината најголема фабрика на глобално ниво, ќе работи со само една смена од денеска, 23 август до петок.
Во фабриката се произведуваат VW Golf, најпродаваниот автомобил во Европа, како и suv возилата од марките VW Tiguan и Seat Tarraco.
Ова не е прв пат годинава Volkswagen да го прекине производството во фабриката поради ограничувања во снабдувањето со полупроводници. Извршниот директор на VW Group, Херберт Дис, рече за време на годишната прес -конференција во март, дека производителот на автомобили не може да произведе на 100.000 автомобили поради недостаток на чипови и нема да може да го надополни недостатокот оваа година.
Audi, најпрофитабилната членка во Групацијата соопшти дека ќе го продолжи летниот распуст за една недела во двете фабрики во Германија, бидејќи снабдувањето со чипови останува „нестабилно и напнато“.
Шпанскиот бренд Seat, исто така, делумно го прекина склопувањето на автомобили во фабриката во близина на Барселона, поради глобалното тесно грло во снабдувањето со полупроводници, се вели во соопштението на компанијата во петокот.
Фабриката која обично е затворена во август за летните одмори, направи исклучок и го стартуваше производството овој месе за да го надомести недостатокот на производство во првата половина од годината.
Неодамнешните предупредувања на автомобилските производители за тешките месеци се докажуваат откако избувнувањето на Ковид 19 во Југоисточна Азија наметна ограничувања во фабриките за производство на чипови.
Toyoto минатата недела соопшти дека ќе го прекине производството во 14 фабрики низ Јапонија на различни должини до следниот месец, подлегнувајќи на проблемите со снабдувањето со чипови. Влијанието ќе биде најтешко во септември, при што Toyota објави дека ќе го намали својот производствен план за 40%.
Извор: Automotivenews Europe