Вицепремиерот задолжен за економски систем Фатмир Битиќи денеска имаше состанок со главниот оперативен директор на германски Костал, Хансјорг Херма и директорот на Костал Македонија, Виктор Мизо на кој беше потврден новиот инвестициски проект во земјава со кој еден од најголемите германски производителил на а то делови го проширува производството во постојната фабрика во земјава.
Станува збор за инвестиција вредна 45 милиони евра во нова современа производна технологија и проширување на асортиманот на делови кои се произведуваат за познатите автомобислки брендови
“Со овој проект Костал ќе ја донесе технички најсофистицираната производна линија во државата, за производство со воведување на SAC (Smart Actuator Charging) технологијата за производи наменети за Фолксваген Групацијата (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат). Дополнително со новиот проект ќе биде воведена и новата SkinTec технологија за производство на кровни модули кои ќе бидат наменети за високата класа произведена од Daimler: Mercedes EQS, EQE, C+S Class, AMG SL”, вели вицепремиерот Битиќи.
Според Битиќи, креирањето на добра инвестициска клима се препознава од новите странски инвеститори кои доаѓаат во земјава. “Но, уште поголем успех за нас како земја е што и постоечките компании одлучуваат да го прошират своето производство и започнат нови инвестициски проекти”, потенцира Битиќи.
Повеќе детали за новата инвестиција прочитајте подолу во репортажата од фабриката на Костал во охридски Косел.