Полската економија е најотпорна на корона кризата која силно ја погоди Европската унија, пишува Блумберг.
Според предвидувањата на ЕУ, оваа година полскиот БДП ќе се намали за 4,3% и тоа ќе биде најмалиот пад во споредба со сите останати земји членки на Унијата.
„Во втората половина на април го достигнавме дното на економската активност“, вели Павеш Борис, претседател на Полскиот фонд за развој (ПФР).
Тоа, според него, не значи дека мај или јуни нема да бидат тешки. Тој предвидува дека БДП на Полска во вториот квартал годинава може да падне за 10% до 15% и дека ќе бидат потребни неколку месеци за да се надмине кризата.
Во првите три месеци годинава македонските компании во Полска извезле производи вредни 11,5 милиони евра, додека минатата 2019 година вкупниот извоз изнесувал 56,5 милиони евра.
Но, тој предупредува дека „ефектите од она што се случува сега ќе се почувствуваат за наредните години“.
Блумберг пишува дека кризата поврзана со епидемијата во полската економија е слична на моделот опишан со буквата „U“. Тоа значи остар пад и одреден подолг период на рецесија, проследено со постепено враќање на нивото на економска активност пред избувнувањето на кризата.
Главниот економист на ИНГ банка, Илески Рафаш Бенески во интервју за Блумберг истакна дека полската економија е поврзана со економиите на земјите од еврозоната кои купуваат над половина од полскиот извоз. Заедно со падот на БДП од 8% предвиден во овие земји, тешко е да се смета на економски раст во Полска, вели Бенески, кој смета исто така дека вториот квартал годинава ќе биде најлош за полската економија.