Мајкл Дел, основачот и извршен директор на компјутерската компанија Dell, трет најголем производител на компјутери, предвидува дека глобалниот недостиг на полупроводници и чипови ќе продолжи уште неколку години, пренесува Ројтерс.
Основачот на Dell за германскиот весник Ханделсблат изјави дека сегашните проблеми со чиповите главно се должат на зголемената побарувачка за електронски уреди и санкциите наметнати од американската влада врз кинеските технолошки компании.
„Недостатокот веројатно ќе продолжи уште неколку години“, рече Дел. „Дури и ако се изградат фабрики за чипови ширум светот, тоа мора да потрае некое време“, додаде тој.
Тој откри дека иако неговата компанија е еден од најголемите клиенти на производителитете на полупроводници, со годишни нарачки од 70 милијарди долари, сепак треба да плати премија за тие да бидат испорачани.
Дел посочи дека најголеми проблеми има со постарите и поевтини чипови, кои се користат практично насекаде, но не е лесно да се дојде и до најновите технологии.
На Дел посебно му се допаѓа идејата за изградба на фабрика за чипови во Европа.
„Би било чудесно, ако во Германија се изгради фабрика за чипови, зошто колку поблизу се тие фабрики до нашите производствени погони, толку подобро”, вели тој.