Фармацевстката компанија Алкалоид објави дека генералниот директор Живко Мукаетов и сите остаати членови на Управниот тим на Алкалоид се стекнале со дополнителни акции на компнаијата преку Македонската берза.
Вложувањето на менаџментот во акции на компанијата со која раководи во деловниот свет значи дека менаџерите веруваат во добрите перспективи на бизнисот и добрите идни финансиски резултати на компанијата со која раководат .
Компанијата информираше дека претсдетаелот на Управниот одбор и генерален директор, Живко Мукаетов, се стекнал со 331 обична акција издадена од Алкалоид АД Скопје членот на Управниот одбор на компанијата, Ќире Ицев, купил 150 обични акции, членот на Управниот одбор Виктор Стојчевски, се стекнал со 200 обични акции, потоа членот на Управниот Одбор Ѓорѓи Јованов, се стекнал со 200 обични акции, додека, пак, членката на УО, Оливера Панева, се стекнала со 50 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје.
Последниот извештај на компанијата за трите квартали годинава покажа дека Алкалоид продолжува со постојаниот раст на продажбите, извозот, инвестициите и дека благодарение на доброто управување успева да ја задржи профитабилноста во исклучително незивесниот период во која работеше компанијата во изминатите неколку години.
Вкупните продажби за периодот јануари-септември 2024 година надминаа 231 милион евра, 14% раст во споредба со истиот период. Во објавата до Македонската берза компанијата информираше дека годинава очекува продажбите за прват да надминат 300 милиони евра.
Во бизнис-планот за 2024 година се предвидува инвестирање на околу 10 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2023 година.
“Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и во усовршување на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градење таленти”, информираат од Алкалоид.