Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) го подготвува специјалното издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ, во кое ќе биде објавено рангирање на најголемите извозници во Р.С.Македонија, рангирани според извозот, односно приходите од продажба на странски пазари во изминатата 2019 година.
Станува збор за проект кој има за цел да придонесе кон зголемување на свесноста во јавноста и кај носителите на економските политики за значењето на извозот за севкупниот економски раст и развој, и непходноста и потребата од политики и мерки за поддршка и олеснување на извозот во периодот на пост-Ковид периодот на обновување на економијата.
Извозот за мали држави како нашата е клучен и важен фактор за развој, а компаниите и државите кои извезуваат остваруваат подобри економски резултати и многу побрзо излегуваат од економските кризи. Затоа, токму извозот е големата шанса преку која македонската економија може полесно и побрзо да излезе од кризата, да ги сочува работните места и да ја одржи ликвидноста.
Затоа во оваа публикација ќе се обидеме на едно место да ги обединиме и промовираме предлозите и идеите на најуспешните и најискусните извозни компании, економските експерти, државните институции и финансискиот систем како да се олесни извозот и како да се поддржи извозот во време на пост-кризното заздравување на македонската економија.
Во публикацијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ, која ќе биде достапна и во печатена форма, освен рангирањето на 100-те најголеми извозници според извозот остварен во 2019 година, ќе бидат вклучени и повеќе интервјуа од лидерите на најголемите извозни компании и секторски анализи, меѓу кои:
-Каква поддршка е потребна на извозниот сектор во пост-Ковид 19 периодот на обновување на економијата?
-Местото на македонската економија во новата ситуација на рекомпонирање на глобалните синџири на снабдување?
-Како да се зголеми домашното производство во клучните индустрии и да се подобри конкурентоста и додадената вредност од извозот?
-Економски проценки за 10-те најголеми извозни пазари
-Какви производи и осигурителни производи им се потребни на извозниците во време на криза и што нудат банките и осигурителните компании?
-Какви логистички и транспортни услуги можат да го олеснат и да го направат поконкурентен извозот во пост-Ковид реалноста?
Сега повеќе од било кога е поважно да делуваме и да се движиме во вистинска насока!
Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување пред внимателно таргетирана читателска публика можете да добиете
на e-mail: marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk или на телефонскиот број 070 401 162.