Комерцијална банка АД Скопје овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои вршат уплата на дневен промет во готово. Од 01.01.2020 година сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може да извршат уплата на готовина на банкомат по основ на дневен промет.
Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната трансакциска сметка на правното лице – имател на картичката.
Банката овозможи и промотивен рок до 30.06.2020 година, во кој може да се врши уплата на дневниот промет на банкомат без надомест.
Уплата на готовина може да се врши на банкоматите на Комерцијална банка на следните локации: Експозитурите во Скопје – Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол, како и во филијалите во Штип, Струмица, Охрид и во Прилеп.