Светскиот пазар за карфиол и брокула порасна за 4,2% во изминатата 2019 година, достигнувајќи вредност од 23,1 милијарди долари. Во периодот од 2013 до 2019 година пазарот за карфиол и брокула вредносно растеше со просечна стапка од 4,6% годишно, покажува најновиот извештај на аналитичката агенција IndexBox.
Земји со најголема потрошувачка на карфиол и брокула во 2019 година се Кина (11 милиони тони), Индија (9,2 милиони тони) и САД (1,2 милиони тони). Нивното комбинирано учество изнесува 78% од вкупната потрошувачка на светско ниво.
Гледано вредносно, Кина е лидер меѓу сите земји потрошувачи на карфиол и брокула во светот (9 милијарди долари), второто место го зазема Индија (6 милијарди долари), а трето се САД (1,6 милијарди долари), кои заедно имаат учество од 72% во вкупната потрошувачка на карфиол.
Земји со најголема потрошувачка на карфиол и брокула по глава на жител во 2019 година биле Кина (7,45 кг по лице годишно), Индија (6,68 кг по лице годишно) и Мексико (3,81 кг по лице годишно).

Кои се најголеми производители на карфиол и брокула?

Во изминатата 2019 година, глобалното производство на карфиол и брокула се зголеми за 3,2% на 27 милиони тони. Вкупното производство од 2013 до 2019 година се зголеми во просек за 2,6% годишно.
Земји со најголемо производство на карфиол и брокула во 2019 година се Кина (11 милиони тони), Индија (9,2 милиони тони) и САД (1,2 милиони тони), што претставува 78% од вкупното производство.
Од 2013 до 2019 најбрзо зголемување на производството на карфиол и брокула имало во Мексико. Во други земји, растот на производството бил поскромен.
Во 2019 година, вкупната површина за одгледување карфиол и брокула се зголеми за 2,9% во споредба со 2018 година на 1,5 милиони хектари. Во периодот од 2013 до 2019 година површините под овие култури растече просечно по 2,7%.

Кои се најголеми извозници на карфиол и брокула?

Во 2019 година, глобалниот извоз на карфиол и брокула се зголеми за 2,4% до 1,3 милиони тони. Вкупниот извоз се зголеми со просечна годишна стапка од + 2,2% од 2013 до 2019 година. Врвот на растот на извозот на карфиол и брокула беше забележан во 2017 година, кога зголемувањето беше 6,3% во споредба со 2016 година, а обемот на меѓународни пратки достигна 1,4 милиони тони.
Вредносно, извозот на карфиол и брокула во 2019 година порасна на 1,5 милијарди долари во 2019 година.
Во 2019 година, најголеми извозници на карфиол и брокула биле Шпанија (385 илјади тони) и Мексико (286 илјади тони). Комбинираното учество на овие земји достигна 51% од вкупниот извоз. Следуваат САД (120 илјади тони), Франција (118 илјади тони), Кина (87 илјади тони) и Италија (72 илјади тони), заедно зафаќајќи 30% од вкупниот обем на извоз. Извозот на Холандија изнесувал 42 илјади тони.
Во смисла на вредност, најголеми извозници се Шпанија (480 милиони долари), Мексико (360 милиони долари) и САД (167 милиони долари), со заедничко учество од 66%.

Извозни цени по земја

Во 2019 година, просечната цена на извоз на карфиол и брокула била 1.154 долари по тон, што е за 4,8% повеќе во однос на 2018 година. Во текот на изминатите 6 години, извозната вредност за овој вид производи се зголеми во просек за 1,4% годишно.
Во 2019 година, највисоки цени на извозот имало во Холандија (1.450 долари за тон), а најниски во Кина (825 долари за тон).

Извор: FruitNews