Со 61 погон за производство на литиумско-јонски батерии, Полска е трета во Европа по Германија, со 76, и Италија со 67, покажуваат податоците кои ги објави Агенцијата за инвестиции и трговија на Полска.
„И покрај пандемијата Ковид-19, продажбата на секторот беше поголема по првите шест месеци од 2020 година споредено на годишно ниво, а вредноста на извозот на батерии достигна 2,9 милијарди евра во првата половина од 2020 година.
„Според полската централна банка, овие податоци се главната причина за растот на полскиот извоз и, следствено, за одржување на вишокот на тековната сметка“, соопшти Агенцијата. „Извозот на батерии се покажа како непроценлив за полската економија во 2020 година.
„Полската фабрика на јужнокорејскиот конгломерат LG стана најголемата фабрика за литиум-јонски батерии во светот, со вкупен капацитет за производство над 100 GWh“, нагласуваат од Агенцијата.
Northvolt, шведскиot производител на батерии, во петокот објави дека ќе инвестира 200 милиони долари во производство на батерии, а производството треба да започне во 2022 година во градот Гдањск.
Според проценките на полската влада, европскиот пазар на литиумско-јонски батерии кои се употребуваат во производство на електричните автомобили, ќе вреди 250 милијарди евра до 2025 година.
ЕУ промовира силен европски сектор за батерии преку релаксирани правила за државна помош.
Извор: TheFirstNews