Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Адил Караиsмаилоглу најави дека првите електрични возови од турско производство ќе бидат пуштени во употреба пред крајот на 2020 година, откако на 30 август се очекува да бидат завршени последните тестирања, објави Hurriyetdailynews.
За време на посетата на фабриката за вагони Turkish Wagon Industry (Tuvasas) во северозападната провинција Сакарија, министерот Караисмаилоглу рече дека минатата година започнале тестовите за производство и фарбање на алуминиумската конструкција на електрични возови.

Првите прототипи на турскиот електричен воз се произведени со оперативна брзина од 176 и 160 километри на час.
„Работиме на производство на турски домашен брз воз, кој ќе може да развие брзина од повеќе од 225 километри на час“, рече Караисмаилоглу.
Тој исто така рече дека производството на возови претставува локомотива на развојот на домашната индустрија во Турција.
„Возовите ќе се состојат од пет вагони и ќе имаат капацитет од 324 седишта, рече Карасимаилоглу.

Турција во последните десетина година направи големи инвестиции во железничката инфаструктура, посебно во товарниот транспорт, кој се покажа како клучен начин за транспорт во време на пандемијата со короравирус кога имаше големи гужби и застои на границите и во патниот транспорт.