Раководителите на деловните субјекти од преработувачката индустрија ја оценуваат економската состојба во компаниите во мај 2021 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на мај 2020 година, покажува најновата Анкета на Државниот завод за статистика за деловните тенденции во преработувачката индустрија.
Раководителите на бизнисите од преработувачката индустрија очекуваат бројот на вработените да се намали.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2021 година е зголемен за 0.1 процентни поени во однос на април 2021 година и изнесува 14.8, а во однос на мај 2020 година е зголемен за 1.8 процентни поени.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.5 %, неизвесното економско опкружување со 16.3%,  недостигот на квалификувана работна сила со 15.6 % и недоволната домашна побарувачка со 14.4%.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2021 година изнесува 71.3 % од нормалното искористување.