Марките на чоколади во супермаркетите или уште наречени private labels чоколади години наназад не беа многу привлечни за европските потрошувачи. Овие чоколади беа поврзувани со мешавини на какао со низок квалитет, спакувани во обични и едноставни материјали со генерички дизајн. Досега, тоа не беше пазар, за кој извезувачите на специјалитети од какао размислуваа за негово истражување. Но, тие денови се чини се завршени.
Веќе неколку години наназад, трговците на мало ги иновираат своите производи со приватна марка (private labels) и ги адаптираа асортиманите за да ги задоволат промените во барањата на потрошувачите.
Како резултат на тоа, продажбата на брендовите на чоколади на самите супермаркети или private labels чоколадите достигнуваат нови височини во Европа и никогаш не биле толку иновативни или популарни.
Станува збор за пазар кој станува сè поинтересен за извозниците на специјализирани какао производи кои се насочени кон европскиот пазар.
Повеќе разновидност и одржливост
Гоолемите супермаркети ги следат денешните трендови, развиваат производи по достапни цени што им се допаѓаат на потрошувачите од сите профили. Вегански, чоколади без шеќер повеќе не се ексклузивитет само на врвните брендови. Ниту, пак, е одржливоста.
Европските трговци на мало се повеќе ги поддржуваат и применуваат принципите за заштита на животната средина. Ова се гледа и во нивниот асортиман на чоколади, бидејќи понудата на органски производи и приватни марки на чоколади добиени со фер трговија, е поголема од било кога во супермаркетите.
Можностите на масовниот пазар на мало
За производителите од земјите што произведуваат какао, овие случувања отвораат можности на големиот пазарот за малопродажба. Супермаркетите сè повеќе нудат висококвалитетни и ексклузивни чоколади од сопствени приватни марки, што создава поголема побарувачка за специјализирани производи од какао.
Разбирањето и истражувањето на пазарот на приватни марки ќе биде од суштинско значење за таргетирање на вистинските купувачи на производите од какао, и можност компаниите да се разликуваат од своите конкуренти на пазарот каде настапуваат.