Регистрациите на нови автомобили во Европската Унија во април се зголемија за 218,6%, на 862.226 автомобили, заради ниската споредбена основа од минатата година, кога заради карантините за спречување на пандемијата, продажбите беа драстично намалени.
И покрај големото процентуално зголемување во април, обемот на продажба на автомобили во април во Еу бил за скоро 300.000 единици или за околу 35% помал од оној забележан во април 2019 година, пред да почне пандемијата.

Многу пазари во ЕУ забележаа двојно, па дури и тројно зголемување на продажбите во април. Италија забележа најголем раст (+ 3.276,8%) од најголемите пазари, следена од Шпанија (+ 1.787,9%). Франција (+ 568,8%) и Германија (+ 90,0%) исто така покажаа силни придобивки во споредба со минатата година.

Од јануари до април 2021 година, побарувачката на ЕУ за патнички автомобили се зголеми за 24,4% и достигна вкупно 3,4 милиони единици регистрирани автомобили.
Гледајќи ги четирите најголеми пазари, Италија и Франција забележаа најголем раст од 68,4%, односно 51,0% вопрвите четири месеци.
Во исто време, позитивните априлски резултати ги доведоа кумулативните остварувања на Шпанија (+ 18,8%) и Германија (+ 7,8%) на позитивна територија за прв пат оваа година.

Извор: ACEA