Глобалната продажба на алтернативно месо и млечни производи од растително потекло може да се зголеми на 162 милијарди долари во 2030 година, наспроти 29,4 милијарди долари во 2020 година, покажува најновиот извештај на Bloomberg “Plant-Based Foods Poised for Explosive Growth.
Очекувањата се дека продажбата на алтернативи од растително потекло ќе расте со поголемо темпо споредено со растот на продажбите на конвенционалните производи, поддржано од иновациите, зголемениот производствен капацитет, пониските цени на мало, добивките од дистрибуција и поширокото прифаќање од потрошувачите“.
Очекуваните 162 милијарди долари претставуваат 7,7% од очекуваниот глобален пазар на протеини од 2,1 трилиони долари. Месото и рибата од растително потекло би можеле да достигнат 5% (74 милијарди долари) од вкупниот пазар на протеини, додека алтернативните млечни производи да достигнат 62 милијарди долари. Други производи од растително потекло – преливи, зачини и јајца – го сочинуваат остатокот од предвидениот раст (од 2,3 милијарди долари во 2020 година до речиси 26 милијарди долари во 2030 година).
Иако Impossible Foods и Beyond Meat го поттикнаа пазарот на месо од растително потекло, традиционалните компании – како Tyson, Kellogg, Conagra, Kraft Heinz, Hormel и Nestle – влегоа на пазарот и можат да го искористат своето постоечко производство и дистрибуција за да ја зголемат продажбата.
Оваа зголемена конкуренција ќе го зголеми интересот на потрошувачите и ќе ги намали цените, што е клуч за одржлив раст.
Овој раст ќе дојде првенствено од купувачи кои сакаат повремено да ги заменат протеините од месо со нешто што се смета за поздраво.
Два други фактори кои го поддржуваат растот на продажбата се: прво, рестораните и другите компании за услуги за храна што нудат опции за растително потекло им даваат на клиентите шанса да ги пробаат и потенцијално да влијаат на домашната потрошувачка. Второ, малопродажните продавници што ставаат производи во делот за месо ги ставаат на повеќе рамноправно поле со месото.
Во однос на прифаќањето од потрошувачите, млечните производи од растително потекло се пред месото. Алтернативните млечни производи може да станат 10% од вкупниот пазар на млечни производи до 2030 година, наспроти 4,5% во 2020 година. Алтернативните млека го сочинуваат најголемиот дел од овој пазар, сочинувајќи 75% од продажбата. Сепак, и алтернативите на сладоледот, сирењето, павлаката и путерот растат бидејќи потрошувачите се фокусираат на здравјето и одржливоста. Овој раст е поддржан и од 75% од светската популација кои се нетолерантни на лактоза.
Во најдоброто сценарио, подажбата на растително месо може да достигне 118 милијарди долари (раст од 74 милијарди долари). Во најлошото сценарио продажбата е ограничена со регулаторни проблеми и ограничувања во снабдувањето и достигнува само 37 милијарди долари.