Кинескиот извоз порасна за 18,1% во декември во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците од Царинската управа на Кина. Иако растот на извозот во декември забави во однос на растот од 21,1% во ноември, тој сепај ги надмина сите очекувањаод аналитичарите.

Растечкиот број на новозаразени од корона вирус во остатокот од светот продолжува да ја зголемува побарувачката за производите од Кина која се соочува со силно економско закрепнување.
Увозот во Кина во декември се зголеми за 6,5% на годишно ниво, што е поголем раст од растот од 4,5% во ноември.

„Кинескиот извоз се зголеми во 2020 година, земајќи пазарен удел од другите извозно ориентирани економии кои се соочуваа со затворања поради мерки за спречување на корона вирусот. Иако другите извозни економии веројатно ќе забележат посилна 2021 година, глобалното закрепнување сепак треба да го поддржи растот на извозот на Кина“, вели Ирис Панг, главен економист на ING за Кина.

Кина се очекува да биде единствената голема економија што порасна во 2020 година. Извозот порасна за 3,6% во текот на целата година, а увозот падна за 1,1%.
Аналитичарите велат дека постојаната побарувачка за медицински материјали и уреди за работа од дома од трговски партнери погодени од коронавирус треба да ги поткрепи изгледите за кинескиот извоз.

Но, некои сметаат дека пораст на цените на суровините и на јуанот може да ги намалат профитите на извозниците. Кинескиот јуанот скокна за 6,7% во 2020 година, што е прв годишен пораст во последните три години.

Кина во декември оствари трговски суфицит од 78,17 милијарди долари, што е најголем суфицит од 2007 година.