Светската трговска организација (СТО) ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки за оваа и за 2022 година, но предупреди на нерамномерно закрепнување и негативни ризици поради пандемијата на „Ковид-19“ и проблемите во синџирот на снабдување.
Глобалниот трговски регулатор објави денеска дека предвидува зголемување на трговијата за 10,8% оваа година по падот од 5,3% во 2020 година, пренесува Ројтерс.
Во март годинава, СТО прогнозираше раст од 8,0 % за тековната година.
Трговското тело со седиште во Женева , исто така, проценува дека глобалниот раст на трговијата ќе забави до 4,7%во 2022 година.
Таа стапка, сепак, е над проектираниот раст од 4,0 % од претходната прогноза на СТО, што значи дека светската трговија се приближува кон долгорочен тренд пред пандемијата.