Филипче: Трошоците за плати за родителите кои ќе отсуствуваат ќе ги преземат компаниите

Во однос на мерките за отсуство на еден родител од секое семејство со деца до 10 години трошоците за исплата на плата ги превзема компанијата каде што работат во овие 14 дена, односно до 25 март, појасни министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Тој најави дека во текот на денот премиерот, министерката за финансии и вицепремиерката за економски прашања ќе го презентираат планот за финансиска поддршка доколку се укаже потреба за што веќе се планираат мерки, согласно динамиката на случувањата.

“Мора сите да се придржуваат до овие мерки”, потенцира Филипче.

На денешната конференција Филипче објави и нови мерки во насока на спречување на ширењето на корона вирусот. Межу нив се затворање на кината, театрите и другите институции каде што може да се одржат масовни собири или концерти, а кафе баровите и рестораните да работат до 18 часот, со преполовен капацитет за гости и со обезбедено растојание до 1,5 метри меѓу посетителите.

Како што кажа тој, мерките се на предлог од Комисијата за заразни болести, а ќе се разгледаат денеска на владина седница.

До мерките на владата ќе треба да се придржуваат и верските заедници, МПЦ, Католичката црква и ИВЗ, како и спортските сали и теретани.