Турскиот извоз забележа највисоко ниво во историјата во октомври, достигнувајќи вредност од 17,3 милијарди долари (145,3 милијарди турски лири), објави министерката за трговија на земјата, Рухсар Пекчан.
Бидејќи трговијата продолжи да се опоравува од ефектите на пандемијата на коронавирус, извозот се зголеми за 5,6% на месечно ниво, односно 8,5% воспоредба со октомври минатата година, а вкупниот обем на трговијата достигна над 37 милијарди долари во октомври, рече Пекџан.
Трендот на извоз во октомври е индикатор кој покажува како извозот на земјата ќе продолжи да расте, рече Пекчан, објавива турскиот Дејли Сабах.
„Влегуваме во нов период во кој извозот секој ден станува се посилен. Извозот во октомври потврдува дека Турција ќе биде меѓу земјите кои најбрзо се опоравуваат и кои ќе ја надминат пандемијата со најмала можна штета “, изјави министерот за финансии на Турција, Берат Албајрак, оценувајќи ги податоците.
Во извозните производи доминираат автомобилската индустрија, облеката, хемикалиите и накитот.
Од друга страна, увозот порасна за 8,5%на годишно ниво, на околу 19,73 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за трговија. Околу 87,8% од увозот се состои од суровини и капитални добра.
Надворешно-трговскиот дефицит на земјата се искачи за 35,67% на годишно ниво, на 2,4 милијарди долари во октомври.
Односот на покриеност на извозот и увозот се искачи на 87,9% во месецот октомври, што е највисоко ниво забележано во 2020 година досега.