Во 80-те години од минатиот век САД била далеку најголем извозник на храна во целиот свет, со извоз од над 42 милијарди долари, двојно повеќе вториот најголем извозник Франција, односно три пати повеќе од третиот извозник Холандија.
Четири децении подоцна, САД се и понатаму најголем извозник на храна со извоз вреден над 144 милијарди долари.
Втор најголем извозник е Холандија со извоз вреден над 94 милијарди долари. Малата Холандија благодарение на напредната агротехнологија во производството на храна успева на одржлив начин да произведува доволно храна за сопствени потреби, но и да извезува многу повеќе во споредба со други далеку поголеми држави.
Трет најголем извозник на храна во светот во 2020 година бил Бразил, следуваат Германија, Кина и Франција, Шпанија, Канада и Италија.
Во 80-те години од минатиот век Кина извезувала храна во светот од над 3,9 милијарди долари и била 13-ти по големина извозник. Четири децении подоцна, Кина е петти најголем извозник на храна во светот со извоз од над 77 милијарди долари. Кина извезува повеќе храна од Франција, Шпанија, Канада и Италија.