Пандемијата со корона вирусот немала посериозни негативни ефекти врз извозот на зеленчук и овошје во првите четити месеци годинава, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Во првите четири месеци годинава македонските компании извезле овошје и зеленчук во вредност од 48,71 милион евра, што е за 38 илјади евра повеќе во споредба со истиот период.
Податоците покажуваат дека почетокот на годината бил добар, односно дека извозот на зеленчук и овошје во првите три месеци бил поголем во споредба со истиот период лани за околу 18%.
Но, во април, кога всушност беа најголемите ограничувања заради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, извозот на зеленчук бележи пад за околу 5 милиони евра во споредба со април минатата година.
Дури 45% од вкупниот извоз на храна во периодот јануари-април отпаѓа на извозот на свежо овошје и зеленчук.
Најизвезуван зеленчук била зелката со извоз вреден 11 милиони евра, додека јаболката со извоз од 11,5 милиони евра е најизвезувано овошје.