Покрај многубројните држави во кои извезува, Макпрогрес започна со извоз во уште две нови земји каде може да се вкусат производите на Винчини.
“Благодарение на квалитетот и прифатливите цени во изминатиот месец е реализиран извоз во Гана и Бангладеш. Во тек е подготовката за првиот извоз за освојување и на Мексико, уште една нова земја на извозната карта”, велат од Макпрогрес.
Следејќи ги потребите на пазарот компанијата секојдневно расте, инвестира и одржливо опстојува. Макпрогрес како извозно ориентирана компанија своите препознатливи брендови засега ги пласира во преку 55 држави во светот.