Мароко успеа да стигне до третото место на светската ранг листа на извозници на домати во 2022 година, престигнувајќи ги Иран и Шпанија покажува неодамнешниот извештај на EastFruit.
Холандија и Мексико се единствените земји пред Мароко на ова рангирање. Мароканските одгледувачи на домати секоја година го зголемуваат обемот на извозот во последните години, со годишен пораст од повеќе од 17% во 2022 година.
Обединетото Кралство е клучен пазар за мароканските домати, при што извозот постојано се зголемува во последните пет години. Локалните одгледувачи ја зголемија понудата на домати на пазарите во Велика Британија, а до крајот на 2022 година обемот на продажба достигна рекордни 140.000 тони, што количински е колку целиот годипен извоз на зеленчук од Македонија.
Енергетската криза доведе до зголемување на трошоците за енергија во Обединетото Кралство, принудувајќи ја земјата нагло да го зголеми увозот на зеленчук, вклучително и домати. Брегзит, исто така, ја комплицираше трговијата со земјите од ЕУ, што ги фаворизираше мароканските производители на домати.
Мароко ја покажа својата конкурентност благодарение на подобрената логистика, што му овозможи брзо да го пополни недостигот на домати на британскиот пазар. Како резултат на тоа, уделот на мароканскиот увоз на домати во ОК се зголеми тројно во текот на изминатите пет години. Иако Франција останува главен потрошувач на марокански домати, продажбата на британските потрошувачи постојано се зголемува.