Недоволната странска побарувачка бил фактор кој имал најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во мај, покажуваат најновиот извештај на Државниот завод за статистика за деловните тенденции во преработувачката индустрија.
Само до пред два месеци, односно пред почетокот на пандемијата на корона вирусот, најголемо ограничувачко влијание врз зголемувањето на производството во преработувачката индустрија имаше недостигот на работна сила.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020, во однос на април 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Раководителите на компаниите од преработувачката индустрија исто така очекуваат и намалување на бројот на вработени во индустријата во следниот период.