Германската автомобилска компанија се опоравува од тековниот недостиг на чипови.

По слабата година досега, групацијата VW успеа да продаде речиси исто толку автомобили во јули како и пред една година. Со 725.400 продадени единици, Volkswagen испорача околу 200 возила помалку ширум светот отколку една година порано, како што објави групацијата денеска.

Ова е благодарение на силниот пораст од 21,7 % во Кина, најважниот пазар за Volkswagen. Пазарот на автомобили во Кина, најголемиот пазар во светот, се опоравува и расте по карантините заради короната во пролетта и недостатокот на полупроводници.
Во Западна Европа, продажбата и понатаму е 11,3% под бројката од претходната година.

Во првите седум месеци, VW Group испорачал 4,6 милиони возила на клиентите, што е за 19% помалку во споредба со истиот период лани.

VW си постави за цел да ги зголеми испораките за 5 до 10% во однос на претходната година. Во втората половина од годината би требало да помогне подобрата достапност на електронските чипови кои долго време се дефицитарни.

Помеѓу брендовите, брендот за спортски автомобили Porsche, кој се соочува со можна јавна емисија на акции, забележа зголемување на продажбата од 5,7% во јули. Основниот бренд VW Passenger Cars, исто така, ги зголеми своите испораки за 9,7%. Во премиум подружницата Audi, сепак, продажбата во јули беше 7,2 % под бројката од претходната година.

Извор:Handelsblatt