Прирачник за извозници со насоки и совети за полесен извоз

Брошурата за извоз претставува детален Прирачник за извозниците со насоки и совети за побрз и полесен извоз и настап на странски пазари, која е подготвена од страна на Стопанската комора на Македонија со поддршка на УСАИД .

Иницијативата за подготовката на оваа брожура произлегува пред се од потребата да се поедностави постапката и времето кое деловните субјекти го трошат за транспорт и пласирање на дел или целото свое производство на пазарите надвор од границите на нашата земја.

Прирачникот нуди информации за начинот на кој може да се врши превозот и дистрибуцијата вклучително со вкупната потребна документација. Понатаму, прирачникот дава информација за потребните трговски документи што мора да ги поседува извозникот за непречено реализирање на извозната постапка, како и информации за начините на финансирање, како и за формите на договорите, потребните стандарди за извоз и учеството во надворешно-трговскиот промет.

Целиот Прирачник за извозниците може да го симнете на следниот линк.