24 македонски компании имаат одобрение за извоз на храна во ЕУ

0
257

Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство досега само 24 македонски компании имаат добиено одобрениe за извоз на храна од животинско потекло во земјите членки на Европската унија и во моментов нема други компании кои имаат доставено барање за започнување на постапка за пријавување за извоз во Европската Унија.

Најголем дел од компаниите имаат добиено одобрениe за извоз на млеко и млечни производи, потоа кланици за извоз на свежо месо, за извоз на јајца и извоз на месни преработки.

Посебното одобрение за извоз на храна во земјите членки во ЕУ им е потребно само на компании кои извезуваат храна од животинско потекло, додека за останатите производители на храна од неживотинско потекло не се потребни посебни одобренија и сертификати.

“На европскиот пазар храна од неживотинско потекло извезуваат операторите со храна согласно пазарите кои ќе ги најдат и договорите кои ќе ги постигнат со компаниите од земјите увозници. За нив важно е да ги исполнат условите за увоз кои ги бара земјата увозник, но, пред се основно е храната која се извезува да биде безбедна. За извоз на храна од неживотинско потекло не се пропишани посебни модели на сертификати за безбедност”, објаснуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одобрение за извоз на млеко и млечни производи имаат седум македонски компании и меѓу нив се :

Евро Млекара (Суташ), Скопје ( млеко и производи од кравјо млеко)
Лакталис МК Логистикс, Битола (млеко и производи од кравјо и овчо млеко)
Цермат, Битола (сладолед)
Млекара, Битола (млеко и производи од кравјо и овчо млеко)
-Млекара Здравје Радово, Битола
Интер Мак од Велес за производи од овчо млеко.

Шест македонски компании имаат одобредни за извоз на јаја и производи од јајца и тоа живинарската фарма Шест Браќа од Скопје, Живино Пром од Штип,  Ветеринар од Гевгелија, Везе Шари од Тетово, Салмак МФ од Демир Капија и Свисслион Аграр од Ресен.

Само три македонски компании имаат одобрени за извоз на преработки од месо, и тоа:
Римес (мелено месо и производи од говедско месо и топена маст),
Пекабеско (производи од говедско и свинско млеко)
Ука Комерц )производи од говедско месо и живина).

Исто така,на листата компании кои можат да ги извезуваат своите производи на пазарите на земјите членки во ЕУ се и шест кланици за месо и тоа Љума Комерц од Скопје, ИКЛ Горни Полог од Гостивар, Кланица со ладилник од Струмица, Кланица од Ново Сел, Гудас Мит од Прилеп и Серта Компани од Кавадарци.

Скопската компанија Метро е единствената македонска компанија со одобрени за извоз на риба и производи од риба на европските пазари, компанијата Анкоп Фуд од Неготино е едниствена со одобрение за извоз на жабји нозе и змии од Македонија во ЕУ.

Но, овие 24 компании не се единствените кои извезуваат прехранбени. Податоците од Стопанската комора на Македонија покажуваат дека во земјоделско-прехранбениот сектор работат 323 извозни компании и тој претставува еден од столбовите на домашната економија со огромен потенцијал за негов развој во наредниот период.