1. Јавни набавки – Во постапките да се обезбеди примена на македонска референца (домашни компании). Особено во набавките кои се обезбедени и финансирани од јавниот буџет.

2. Јавно – приватно партнерство – Да се унапреди и позиционира на највисоко стратешко и институционално ниво.

3. Економска дипломатија – РСМ треба да се фокусира на економскиот импакт и на придобивките за државата и бизнисот од економските активности

4. Кадровска политика во јавниот сектор – При именувањето на раководни лица во државните институции што имаат влијание врз работењето на бизнис-секторот, задолжително да биде консултирана бизнис-заедницат.

5. Финансиска дисциплина – Јавниот сектор треба да ги исполнува своите обврски кон компаниите на ист начин како што приватниот сектор редовно ги подмирува своите обврски кон државата.

Бидејќи е јасно дека нашата земја не може да влијае врз глобалните процеси, а тие станаа редовна појава со влијание врз целокупната светска економија (економската криза 2008 г., здравствената криза 2020 г., енергетската криза 2021 г., нафтената криза сега, 2026 г. ), сметам дека е погоден момент барем на домашен план да ги потсредиме работите. На тоа упатуваат и резултатите и бројките за првите два месеци од оваа година. Никогаш не сум се срамел да признаам дека сè што сум научил за почитување на различните мислења, владеење на правото и пазарната економија, сум научил од моите пријатели од Словенија. Во досегашната моја практика патиштата ми се вкрстиле со многу луѓе, меѓу нив и со многу политичари кои имале влијание врз економијата во нашата државата. Морам да кажам дека сите тие имале желба да помогнат на државата и да надминат одредени состојби кои биле кочница за тој развој.

Изминатиов месец секојдневно сум меѓу бизнисмените- било кај нив, било кај мене. Забележителна е нивната загриженост и постојана неизвесност. Но, неизбежни се и нивните прашања.

1. Има ли Владата концепт за справување со ваков тежок предизвик?

2. Има ли Владата кадровски капацитет да излезе накрај со овој проблем?

3. Има ли меѓународната заедница доверба во Владата?

4. Има ли суета кај актуелниот премиер?

Преведно на јазикот на бизнисот тоа значи дека неизвесност постои, меѓутоа сè уште има надеж.

1. Дали Владата има концепт или не – секој може да процени сам. Моите сознанија се дека Владата и премиерот упорно разговарат, разговараат и разговараат. Со сите субјекти кои можат да помогнат во оваа ситуација. Меѓу другите, и со членките на Стопанската комора.
2. Кадровскиот капацитет е реален одраз на моќта на партијата и нејзиното искуство. Тоа најдобро ќе се покаже во преломните моменти на кризата.
3. Јас мислам дека меѓународна поддршка има, но и покрај тоа, мора сите да ги засукаме ракавите. Да ја зголемиме ангажираноста и да ги намалиме трошењата.
4. Мојата суета е поголема од суетата на професор д-р Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РСМ.  

Сето ова не вреди ништо ако јавно не кажам дека најголемата бизнис заедница во државата досега не направила некој потег со кој покажува дека може да се надмине себеси. Тоа е ѓаволски тежок процес, бара многу мудрост и знаење.
И затоа, сакам јавно да кажам дека трите најголеми бизнис заедници во Македонија- ССК, СКСЗМ и СКСМ- потпишаа платформа за заедничко дејствување. И со тоа покажаа огромен капацитет за поддршка на државата во вакви моменти. Тоа го очекуваме и од сите други субјекти, креатори на економските политики.  

П.С. Голема благодарност до Горан Ѓорѓиевски и Нухи Алиу, кои ја прифатија мојата идеја да се здружиме околу една платформа и со тоа ги надминаа своите суети.
Го охрабрувам премиерот и понатаму секој ден да посетува по една фирма и секој месец да посетува по едно бизнис здружение. Упорноста и желбата за дијалог да останат негови најсилни каратеристики. Како што тоа го прави и досега.

Градежништвото, рударството, енергетиката, инвестициите и извозот треба да се имплементираат, а прашањата за администрацијата, дигитализацијата и елиминирање на корупцијата да се интензивираат.

И, ја поттикнуваме и ѝ подаваме рака на Владата за понатамошна искрена соработка. Се разбира, тоа важи и за опозицијата, академијата, универзитетите, невладините организации и медимите.